Поимот митологија има две значења: „науката“ за митовите или пак збир на митови, како што е грчката митологија. Компаративната митологија се занимава со проучување на врските помеѓу митовите од различни култури, додека грчката митологија претставува збир на старогрчки митови. Во фолклористиката, митот е свет расказ кој објаснува како светот или човечкиот род ја достигнале сегашната состојба во својот развиток, иако во поширока смисла на зборот тој може да означува секаков вид на народна приказна. Брус Линколн го дефинира митот како „идеологија во раскажувачка форма“. Митовите најчесто содржат натприродни ликови и настани. Митовите се уште гледани како: искривени прикази на вистинити историски настани, алегории за или персонификација на природните појави, или пак објаснувања на народните обреди. Тие се пренесувани за да овозможат религиозно искуство, да постават обрасци на однесување како и да ги подучат луѓето.
Thursday, March 19, 2020
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Митот за потеклото на светот
Прв од познатите митови за кои ќе зборуваме е „Митот за потеклото на светот“. Според овој мит, во почетокот немало посебно земјиште, вода и...
-
Мит е грчки збор што значи раскажување. Митот претставува склоп од еден или повеќе симболи, ставени во форма за искажување на расказ. ...
-
Прв од познатите митови за кои ќе зборуваме е „Митот за потеклото на светот“. Според овој мит, во почетокот немало посебно земјиште, вода и...
-
Поимот митологија има две значења: „науката“ за митовите или пак збир на митови, како што е грчката митологија . Компаративната митологиј...
No comments:
Post a Comment