Thursday, March 19, 2020

Митот за потеклото на светот

Прв од познатите митови за кои ќе зборуваме е „Митот за потеклото на светот“.
Според овој мит, во почетокот немало посебно земјиште, вода и небо. Сè било измешано и владеел хаос. Потоа биле разделени од хаосот божицата Геа (Земјата) и богот Уран (небо). Оваа божица Геа (Земјата), родила неколку гиганти или титани. Уран, плашејќи се дека неговите деца ќе се расправаат за власта, ги затворил титаните во подземна длабока клисура. Еден од нив, Хронос (време), успеал да побегне од бездната и да ги ослободи и преостанатите титани. Геа му помогнала да ја зграби власта на татка си и станал господар на светот. Но, Хронос мечтаел засекогаш да остане да владее со светот, но бидејќи го прогонил од владеачкиот трон својот татко Уран, за да ја земе од него власта, постојано се плашел да не се случи некој од неговите 13 синови, да го направи истото и со него. За да се спаси од нив смислува едно грозно решение, секогаш кога ќе му се родело дете тој го голтнувал, и бидејќи и тие биле бесмртни живееле во неговиот стомак. Неговата сопруга Реја, пак, сакала дете и кога го родила Зевс му подметнала камен да голтне, а Зевс го однела на една планина на островот Крит. Таму пораснал Зевс, а по некое време дошол и му кажал на Хронос дека му е син, но дека нема да го убие само да му ги даде браќата. Така Зевс ги добил своите одамна пораснати браќа Посејдон и Хадес. Кога дошло време Хронос, пак, исто така бил соборен од власт, по жестоки борби, помеѓу титаните и неговите деца во која победуваат неговите деца, а неговиот син Зевс, станува врховен бог и господар на светот. Титаните се од лозата на Уран и Геа. Ги има во повеке степени. Ние ќе го претставиме само првиот степен:
  1.  Феба – божица на Месецот 
  2.  Хиперион – бог на Сонцето 
  3.  Кеј – бил фрлен во Гирос 
  4.  Криј – сопруг на Еурибина 
  5.  Крон – втор владетел после Уран
  6.   Мнемозина – мајка на деветте музи 
  7.  Јапет – фрлен е во Тартар
  8.   Океан – бог на морето и најсилен Титан, кој ги создал реките и целата вода. 
  9.  Реа – кралица на боговите 
  10.  Теа – божица на светлината
  11.   Темида – божица на праведноста и редот 14
  12.   Тетија – божица наморето 

Image result for greek goddess phoebe
Феба ( грч. Φοίϐη, Phoíbê), нејзини родители се Уран, татко-небо и Геа, мајка-земја. Феба е Титан. Таа со својот маж и брат Кеј ги има децата Лето и Астерија, а нејзини внуци се Аполон и Артемида. Феба управува и со пророштвото во Делфи, а тоа и го доверила Темида.

Image result for Hyperíôn god
Хиперон (грч. Ὑπερίων, Hyperíôn), бог на светлината. Тој не е важен бог, но е поврзан затоа што е Титан и син на Уран и Геа. Тој прв го има разбрано движењето на Сонцето, Месецот и ѕвездите.

Image result for Kríos god
Криј – господин (грч. Κρίος, Kríos), титан син на Уран и Геа, и е заштитник на ѕвездите. Кријевиот брат Креон го тргнал Уран со кастрирање. Во текот на ноќта, Криј и останатите машки Титани, освен Океан, стражареле на разни страни на светот. Криј бил на југ, а Креон на средината на светот и го кастрирал Уран. Кога станал крал на светот, Титаните помеѓу себе се венчале. Криј се оженил со Еурибија, своја полусестра, и имал три деца. Криј се бори против боговите и загубува, па затоа е фрлен во подземјето. Таму го фрла Зевс. Криј е поврзан со својот брат, Титанот Хиперион, кој е бог на небесните тела. 

Image result for chronos god
Крон или Хронос или Хрон или Кронос (грч. Κρόνος, Krónos) е бог на жетвата. Тој е бог на семето. Се помешува со богот на времето Крон кој настанува од Хаосот. Во Атина на дванаесетиот ден секој месец се одржува фестивал во чест на Крон.
 
Image result for Mnemosyne goddess
Мемнозина (грч. Mνημοσύνη, Mnêmosúnê), божица е на помнењето и мајка на Музите, ќерка е на Уран и Геа. Реката во Адот е наречена според неа. Исто така таа е и една од жените на Зевс. Тој спиел со неа девет ноќи и така ги создал деветте Музи. Во Адот има две реки, Лето и Мемнозина. Мртвите души пијат од Лето за да не се сеќаваат на своите минати животи, а кој пие од 15 Мемнозина се сеќава на сè и знае сè. 

Image result for Iapetós god
Јапет (грч. Ίαπετός, Iapetós), тој е предок на луѓето, а по него е наречен Сатурновиот месец Јапет. Јапет е мистериозен бог, многу малку се спомнува. Негова жена е божицата Климена а нивни дца се Атлас, Прометеј, Епиметеј и Менетиј. Се зборува дека кога Уран ги затворил Киклопите во подземјето, Геа се налутила и им наредила на Титаните да го кастрираат татко им. Јапет чувал стража додека Крон ја завршувал зададената работа. Јапетовиот син Прометеј се смета за создател на лугето, а со тоа и на Грците

Image result for Okeanos god
Океан (грч. Ὠκεανός, Okeanos), бог на морето, титан, од неговото име произлегува и името океан. Тој е најстар Титан, негова жена е Тетија, тие двајца ја одгледале Кроновата и на Реја ќерката Хера, а своја внука. Освен Хера тие имаат многу деца реки, езера, фонтани, облаци, како и морските нимфи. Во почетокот Океан владеел со сета вода, но подоцна власта ја препуштил на Посејдон. Претставен е како силен маж со долга брада и рогови, а долниот дел на телото во вид на змија. Домот на Океан е на крајот на светот.

Image result for rhea goddess
 Реа или Реја (грч. Ῥέα, Rea), нејзин знак е Месец, животно и е лав, а името и значи извор. Нејзин маж е Крон, а деца Деметра, Хера, Ад, Посејдон, Зевс. Крон ги изел сите деца освен Посејдон и Зевс. Реа го сокрила Зевс во пештера, а кога пораснал Зевс го убил својот татко и станал крал, а својата мајка ја поштедил.

Image result for theia goddess
Теа (грч. Θεία, Theía; Θέα, Théa; Αἴθρα, Aíthra), ја нарекуваат и сјајна. Таа е божица на видот и светлината како и на небото. Нејзиниот брат Хиперион и е маж, а нивни деца се: Сонцето, Месецот и Зората. 

Image result for Thémis goddess
Темида (грч. Θέμις, Thémis), божица на праведноста, а значи и закон на природата како и ред. Таа не е осветољубива туку нежна и 16 мила, Темида го одржува редот и мирот во светот, а ја прикажуваат со вага во раката. Темида е втора Зевсова жена, и имаат две деца. 

Image result for tethys goddess
Тетија (грч. Τηθύς, Têthýs), таа со својот брат и маж Океан имаат многу деца родители се на океанските нимфи, кои ги има 3000, а и на сите реки, езера, фонтани.

Доколку сте заинтересирани и за другите митови кои се на листата на предходната објава, оставете коментар со кој ќе не известите кој мит би сакале да биде следен мит за кој ќе зборуваме. 

Митови

Мит е грчки збор што значи раскажување. Митот претставува склоп од еден или повеќе симболи, ставени во форма за искажување на расказ.
Мит претставува приказна за јунаци богови и херои. Митологија е збир од повеќе митови на една култура. Според авторството митот спаѓа во анонимното усно творештво. 
Мит е куса епска творба. Митот е некоја претпоставка на која народот ѝ дава хипербола, поточно народот го прави митот полн со суштества и магии. Митот ја претставува културата на еден народ или на едно општество. Под мит често се подразбира лекција во форма на приказна што поседува длабока објаснувачка или симболичка резонанца за пред-литературните култури, кои ја задржуваат и слават мудроста на нивните предци низ усните традиции на вештите раскажувачи.
Литературата многу често ги презема темите и мотивите од митот и фолклорот. Всушност, литературата прво настанала како мит, потоа митот станал бајка, народна приказна. Низ текот на времето, митовите се видоизменуваат, и стануваат бајки, легенди и преданија. Со пренесувањето од колено на колено, митовите се основа за многубројни литературни преработки, и тогаш прераснуваат во книжевни митови.
Едни од познатите митови се:
1. Митот за потеклото на светот 
2. Митови за задгробен живот 
3. Митот за потеклото на човекот. Прометеј
 4. Митот за четири века
 5. Митови за хероите. Херакле
 6. Aнтеј и Херакле
 7. Tесеј 
8. Митот за Едип 
9. Митот за Aргонаутите

Грчка митологија

Старогрчка митологија 
е збир од митови и легенди на старите Грци опфаќајќи ги нивните богови и херои, природата на светот и потеклото и значајноста на нивниот култ и нивните обичаии и обреди. Сите овие нешта биле дел од религијата на стара Грција. Денешните научници со своите основи ги темелат и ги проучуваат митовите во обид да откријат повеќе за религиозните и политичките институции во стара Грција, целокупната цивилизација и да ја разберат природата на самото создавање на митот.


Bertel Thorvaldsen (1770-1844) - Portrætstatue af Maria Fjodorovna Barjatinskaja (1818-25)

Олимп (грч. Ὄλυμπος, Olympos), е планина во Грција на која, според грчката митологија, живеат боговите. Олимп е најголема планина во Грција, висока е 2917м, а се наоѓа во Тесалија. Во грчката митологија, Олимп е дом на дванаесетте богови: Зевс, Хера, Посејдон, Арес, Хермес, Хефес, Афродита, Атина, Аполон и Артемида, кои отсекогаш живееле на Олимп. Богови никогаш немало повеќе од дванаесет, но се менувале како на пример: Деметра, Дионис, Хад и Персефона. Кога Геа ги родила Титаните, биле користени грчките планини како престоли затоа што биле огромни, а само Хронос седел на Олимп. Грците сметале дека на влезот на Олимп биле големите врати од облаци. Палатата била изградена од Титаните и Киклопите, а 10 уметничките работи ги исковал Хефес. Одаите на Зевс и Хера биле на јужниот крај на Олимп и оттаму можеле да гледаат на Атина, Теба, Спарта, Коринт и Микена. На северната страна која гледала према Македонија, се наоѓала кујна, простории за гозба, оружарница и работилница. Во средината живееле останатите богови. Постоеле и други простории за преостанатите божества, исто така и зоолошки градини, каде боговите ги чувале своите свети животни. Внатре во Олимп боговите живееле, спиеле, суделе, а се хранеле со амброзија и нектар, додека Аполон ги забавувал свирејќи на лира. 
Image result for олимп
Планина Олимп, Грција. Навистина изгледа чудесно зарем не?

Најстарите познати старогрчки книжевни извори се епските песни Илијада и Одисеја, кои главно се фокусирани на настаните околу Тројанската војна. Двете поеми од ХесиодТеогонија и Дела и денови раскажуваат за настанувањето на светот, наследството на божествените владетели, потеклото на човекот и неговите проблеми. Исто така до денеска се зачувани и митови кои произлегуваат од Хомеровите химни, кои се поврзани со митови по поразот на постарите богови, и станувањето на Зевс како врховен Бог. Изворите за старогрчката митологија се пренесувале од колено на колено, главно по усмен пат.
Главните извори за деталите од старогрчката митологија се обезбедуваат од археологијата, односно со пронаоѓањето на голем број на декоративни артефакти. Пронајдените геометриски дизајни од керамика, кои потекнуваат од VIII век п.н.е. даваат сцени од тројанскиот период, како и авантурите на Херкул. Една од најосновните карактеристики на старогрчката митологија е нејзиниот политеизам, односно постоењето на многу богови. Друга карактеристика за боговите е антропоморфната претстава за боговите, односно старите Грци своите богови ги претставувале во човечки вид, со човечки особености и карактеристики.
medusa #greekstatue medusa #greekstatue medusa #greekstatue medusa


Што е митологија?

Поимот митологија има две значења: „науката“ за митовите или пак збир на митови, како што е грчката митологија. Компаративната митологија се занимава со проучување на врските помеѓу митовите од различни култури, додека грчката митологија претставува збир на старогрчки митови. Во фолклористиката, митот е свет расказ кој објаснува како светот или човечкиот род ја достигнале сегашната состојба во својот развиток, иако во поширока смисла на зборот тој може да означува секаков вид на народна приказна. Брус Линколн го дефинира митот како „идеологија во раскажувачка форма“. Митовите најчесто содржат натприродни ликови и настани. Митовите се уште гледани како: искривени прикази на вистинити историски настаниалегории за или персонификација на природните појави, или пак објаснувања на народните обреди. Тие се пренесувани за да овозможат религиозно искуство, да постават обрасци на однесување како и да ги подучат луѓето.
Image result for greek mythology

Митот за потеклото на светот

Прв од познатите митови за кои ќе зборуваме е „Митот за потеклото на светот“. Според овој мит, во почетокот немало посебно земјиште, вода и...